Тајмаут
Ибрахимовиќ „дебитираше“ на ТикТок и ги сруши сите рекорди (ВИДЕО)
Што и да прави, шведскиот напаѓач со босански корени Златан Ибрахимовиќ се наоѓа во центарот на вниманието. Така беше и овој пат. Популарниот Ибра дебитираше на популарниот TikTok со видео во кое се пофали со своето тело и богатство.
Видеото трае 45 секунди, а веќе има повеќе од шест милиони прегледи, а можете и да го погледнете.
Ова секако само потврдува дека Ибрахимовиќ е планетарна ѕвезда и секој негов чекор е внимателно следен.
Тој има голем број фанови, па веќе „доби“ околу половина милион следбеници на TikTok.
Пред десет дена наполни 41 година, а дали наскоро ќе се повлече од фудбалот е секогаш тајна.
Моментално е надвор од терените во Милано поради повреда, а според проценките би требало да се врати на терените во јануари. Сепак, од Италија стигнаа најави дека оваа повреда може да значи и крај на големата кариера на Златан Ибрахимовиќ. Италијанците најавуваат дека Златан Ибрахимовиќ размислува да се повлече од професионалниот фудбал доколку неговото закрепнување не оди според неговите желби.