Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ до Ребиќ кој ги загуби нервите: Се е под контрола, тато е тука!

Милан загуби со 2:1 до Атлетико Мадрид во ЛШ, Кеси доби втор жолт картон и исклучување, поради што Анте Ребиќ реагираше бурно кон судијата Чакир.

Во моментот кога Кеси го доби вториот жолт картон, хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ ја загуби контролата. Имено, откако неговиот соиграч беше испратен во соблекувалната од судијата Чакир, Ребиќ го нападна, почна да му се внесува во лице, а неговите соиграчи спречија веројатно црвен и за Ребиќ.

По споменатите настани, Ребиќ веднаш беше сменет, се огласи и Златан Ибрахимовиќ, кој се опоравува од повредата.

„Се е под контрола, тато е тука“, му порача Златан на Ребиќ преку Инстаграм, а постирајќи ја и песната „Јутро је“.