Фудбал
Ибрахимовиќ го прогнозираше натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина: „Запишано е во ѕвездите“
Хрватска и Аргентина вечерва од 20 часот ќе играат во полуфиналето на Светското првенство. Аргентина предводена од Лионел Меси е благ фаворит против актуелниот светски вицешампион. Многумина се надеваат дека Лионел Меси во последниот настап ќе го освои Светското првенство, а на ист став е и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
„Меси ќе го освои Светското првенство. Во ѕвездите веќе пишува кој ќе го освои Светското првенство и сите знаете на кого мислам. Лео Меси ќе го подигне трофејот затоа што тоа го пишува“, рече Швеѓанецот и додаде дека Хрватска и Франција се силни фудбалски нации, но дека уште ја чувствува таа титула наменета за Аргентина.
Сензационалниот настап на Мароканците го коментираше и Ибрахимовиќ, моментално играч на Милан. Утре од 20 часот играат против Франција за пласман во финалето: „
Не ме изненади бидејќи знаев колку се добри уште пред Светското првенство, мислам дека луѓето уживаат во ваквите приказни на овие турнири“.