Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Ја намалив платата за Милан да има за него. Ќе ја дадам и куќата

Златан Ибрахимовиќ (41) влезе во игра во 74. минута од натпреварот од 24. коло на Серија А во кој неговиот Милан ја победи Аталанта со 2:0 . Тој се врати по осум месеци пропуштени поради повреда и операција на коленото, односно последниот натпревар го одигра во мај минатата година.

„Ми недостигаа навивачите. Им благодарам за енергијата и мотивацијата што ми ја даваат. Без нив ќе беше тешко“, рече Ибрахимовиќ, кој играше со 41 година и 146 дена и стана најстариот играч на клубот на првенствен натпревар во ерата три поени за победа. Тој го престигна претходниот рекордер Алесандро Костакурта.

“Се чувствувам добро. Всушност најдобро во последните година и два месеци”, додаде поранешниот шведски репрезентативец и изјави дека со месеци ја одложувал операцијата на коленото. “Ќе ми требаа неколку часа да кажам се што ми се случи. Страдав. Сакав да му помогнам на тимот на кој било начин во последните шест месеци од минатата сезона. Знаев дека можеме да ја освоиме титулата”, изјави Ибрахимовиќ. .

Да потсетиме, Милан лани ја освои Серија А, но сега е трет со 47 бода, 18 помалку од водечкиот Наполи. Речиси е невозможно наполитанците да загуби толкава предност до крајот на италијанското првенство. „Му ветив на тренерот дека ќе ја одложам операцијата за да му помогнам на тимот. Ви велам, никогаш не сум страдал толку многу како минатата сезона за да го освојам трофејот“, истакна Ибрахимовиќ.

“Ако не си поставувам цели, ќе се опуштам и ќе се чувствувам како да припаѓам на минатото. Не, јас припаѓам на сегашноста. Сакам да се борам со соиграчите за минути. Во спротивно, не би бил тука. “, изјави Ибрахимовиќ.

На крајот, новинарите на DAZN го прашаа Ибрахимовиќ дали може да го убеди Рафаел Леа, најдобриот играч на Милан минатата сезона, да потпише нов договор. Актуелниот договор на Португалецот е до 2024 година, а преговорите за продолжување траат со месеци. „Ја намалив платата за да му дадат повеќе пари“, изјави Ибрахимовиќ, а потоа заклучи: „Речиси играм бесплатно. Ако ја сакате мојата куќа, ќе ви ја дадам“.