Тајмаут
Ибрахимовиќ не беше мој тип, се што видов е голем нос-како од кавга се родила љубов, сопругата на Швеѓанецот со детали од приватниот живот
Познатиот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ новогодишните празници ги помина во Мајами.
Славниот напаѓач реши малку да се опушти во Соединетите Американски Држави пред да се врати на клупските обврски во Милано.
Популарниот Ибра ужива во Мајами со сопругата Хелена Сегер, која ретко ја гледаме во јавноста.
Златан и Хелена имаат два сина, Максимилијан и Винсент, а приказната за нивната средба е вистински хит.
-Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме поддржува. Бев независна, а тој дури и не беше мој тип на маж. Првиот пат кога го видов, тој се заби во мојот Мерцедес со неговото Ферари, се што видов беше неговиот голем нос и златен часовник на раката. Бев нерасположена и му викав. Мислам дека му се допадна – изјави Хелена во интервју за ‘Elle’ во 2010 година.

Кој би помислил дека од овој мал конфликт ќе се роди толку голема љубов.
– Мислам дека ми се допаѓа Златан затоа што можам да му се спротивставам. Имам важна позадина и кариерата ја градев со многу жртви. Бракот може да го наруши чувството на независност. Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во мојот живот – заклучи Сегер (52).