Фудбал
Ибрахимовиќ не доаѓа во Белград?!
Екипата на Милан на 18-ти февруари гостува на Црвена Звезда во Белград во рамките од Лига Европа. Но, италијанските медиуми пишуваат дека најверојатно Златан Ибрахимовиќ нема да биде во комбинација за овој дуел. Причината е тоа што тренерот Пиоли сакал да го одмори за дербито со Интер кое се игра три дена подоцна и кое еден од клучните мечеви во трката за титулата. Најверојатно против Црвена Звезда на негово место од првата минута ќе настапи Марио Манџукиќ.