Фудбал
Ибрахимовиќ нема намера да ја заврши кариерата
Централниот напаѓач на Милан и Шведска – Златан Ибрахимовиќ нема намера да се откаже од репрезентацијата и покрај поразот од Полска со 0:2 и пропуштената шанса за пласман на СП 2022 во Катар.
„Ќе продолжам што е можно подолго. Нема да добиете поинаков одговор од мене, само затоа што не победивме на овој натпревар и не се пласиравме на Светското првенство. Тоа важи и за репрезентацијата и за Милан“, изјави Ибрахимовиќ на прес-конференција.
Овенот минатата година се врати во редовите на „Тре Крунур“, откако првично ја заврши кариерата по Европското првенство во 2016 година.
Ибрахимовиќ (40) има 120 натпревари и 62 гола за шведската репрезентација.