Connect with us

Тајмаут

Ибрахимовиќ објави Божикна честитка, фановите бесни, особено мажите (ФОТО)

Што и да прави Златан Ибрахимовиќ, тоа го прави на таков начин што речиси цела планета зборува за неговиот потег.

Ибрахимовиќ, кој беше критикуван затоа што не присуствуваше на погребот на неговиот голем пријател Синиша Михајловиќ, сега објави божиќна честитка која налути многумина.

Фудбалерот на Милан, за разлика од повеќето спортски ѕвезди кои се сликаат покрај елката и во семејна средина, објави фотографија од ринг. И тоа полугол со ракавици кои укажуваат дека се подготвува за тепачка. Но, тоа не е се. Ибрахимовиќ испрати една реченица, но бомбастична.

„Среќен Божиќ за вас и вашите сопруги! Чао“, напиша Ибрахимовиќ.