Фудбал
Ибрахимовиќ постигна повеќе голови за Милан отколку за Интер
Милано, 27 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец синоќа на мечот од 5. коло на италијанскиот шампионат против Рома (3:3). Сега тој има 58 голови за „росо-нерите“ во целата своја кариера.
Претходно, Ибрахимовиќ играше и за друг клуб од Милано – Интер за кого постигна 57 погодоци.
Швеѓанецот против Рома ја затресе противничката мрежа веќе во 2. минута. Според прес-службата на клубот, 1 минута и 48 секунди е најбрзиот гол на Ибрахимовиќ во дресот на Милан настапувајќи во Серија А. зс/