Фудбал
Ибрахимовиќ проговори за ситуацијата кога Мурињо го понижуваше пред целиот тим
Златан Ибрахимовиќ и Жозе Мурињо имаа многу добри односи во времето кога работеле заедно.
Швеѓанецот беше во Интер кога Мурињо пристигна во Италија пред да се сретнат во Манчестер Јунајтед во 2016 година.
Мурињо призна дека претходно Ибрахимовиќ ќе има посебно место во неговото срце, но напаѓачот исто така коментираше за настанот од соблекувалната во која главни актери беа Мурињо и Ибрахимовиќ.
„Имав ситуација во Интер кога игравме многу лошо во првото полувреме, а тој пред целиот тим ме критикуваше“, изјави Ибрахимовиќ.
„Требаше да добиам награда за најдобар фудбалер во Италија, а тој ми рече: Кога ќе се појавиш на сцената и ќе ја добиеш награда, треба да се засрамиш од себе. Начинот на кој сега играш, не го заслужуваат тоа“, додаде Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ рече дека знае како да се справи со критиките, додека на другите честопати им е тешко да се справат со тоа.
„Фактот дека тој ги критикува играчите не е ништо ново, сè се сведува на тоа како вие се носите со тоа“, заклучи играчот на ЛА Галакси.