Поврзи се со нас

Фудбал

Ибрахимовиќ разочаран од натпреварот со Верона

Милано, 9 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека Златан Ибрахимовиќ е разочаран од натпреварот од 7. коло на италијанскиот шампионат против Верона (2:2).

– Знаевме дека натпреварите во Лигата на Европа и после тоа натпреварите против такви ривали како Удинезе и Верона ќе ни одземат многу од силата. Тие можат да се подготвуваат за овој натпревар цела недела, а ние имаме еден мини тренинг. Ние сакаме да ја подобриме нашата позиција во споредба со минатата сезона и да се движиме што е можно подалеку во Лигата на Европа. Златан ми рече дека е разочаран затоа што можевме да победиме, изјави Пиоли.

Ибрахимовиќ не реализира пенал и најави дека следниот удар од 11 матри за Милан ќе го остави да го изведе друг играч.

– Му треба пауза за одмор. Всушност, тоа е потребно за сите, но ние се боревме да дојдеме до Европа и тоа е она што се очекуваше. Ваквиот натпреварувачки календар бара многу напор, додаде Пиоли.

По седум кола во Серија А,Милан е лидер со 17 бода. зс/

loading...

Facebook