Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ сака да го продолжи договорот со Милан, уверен е дека тимот ќе влезе во Лигата на шампионите

Милано, 12 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да продолжи да игра за италијанскиот клуб. Триесет и деветгодишниот Швеѓанец сака да го обнови договорот со клубот, пренесува „AC Milan Reports“.

Неговиот сегашен договор истекува во летото 2021 година.

Забележано е дека Ибрахимовиќ е уверен дека клубот ќе може да влезе во Лигата на шампионите според досегашните резултати и игри од тековниот италијански шампионат.

Ибрахимовиќ оваа сезона постигна осум гола на пет натпревари во Серија А. зс