Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ се огласи по инцидентот со Лукаку: Во светот на Златан нема место за…

Златан ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку се во центарот на вниманието во Италија, но и пошироко поради нивниот инцидент на синоќешниот меч. Двајцата постигнаа по еден гол, Интер го победи Милан со 2:1, но за инцидентот најмногу се зборува.

Златан Ибрахимовиќ доби големи критики за она што му го рекол на Лукаку „Оди брави ги твоите вуду работи“. Ова беше окарактеризирано како расизам. Сепак, се огласи Ибра.

-Во светот на Златан нема место за расизам. Сите сме од иста раса, сите сме еднакви. Сите сме играчи, едните подобри од другите, напиша Ибра на социјалните мрежи.