Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ со 39 години и 14 дена е најстариот стрелец на миланското дерби

Милано, 17 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола по само 16 минути на натпреварот од 4. коло во Серија А со градскиот ривал Интер.

Швеѓанецот стана најстариот играч кој погодил во дербито на Милано. Денес тој има 39 години и 14 дена.

Претходниот рекорд го држеше Нилс Лидхолм исто така од Милан, кој постигна гол во 1961 година. Шведскиот играч за врска тогаш имаше 38 години 5 месеци и 18 дена.

Ибрахимовиќ го играше својот прв натпревар, откако прележа коронавирус.

Ибрахимовиќ постигна пет гола на три натпревари на почетокот на сезоната во Серија А. зс/