Поврзи се со нас

Фудбал

Ибрахимовиќ со неколку зборови успеа да ја крене Шведска на нозе!

Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но според неговите игри на теренот, тоа воопшто не се забележува.

Во последниве денови, Ибра беше исклучително активен на социјалните мрежи, и со утринскиот пост со неколку зборови, успеа да ја крене Шведска на нозе.

Искусниот напаѓач кој постигна седум погодоци во Серија А оваа сезона најави можно враќање во репрезентацијата на Шведска.

„Одамна не сме се виделе“, напиша Ибрахимовиќ во описот на својата фотографија во дресот на шведската репрезентација.

Веднаш следеше реакцијата на селекторот на скандинавската селекција, Андерсон, која рече дека не знае зошто Златан ја објавил фотографијата.

„Не знам зошто го стори тоа, можете да разговарате со него. Немам идеја. Сè уште не сме се слушнале“, рече Андерсон.

Ибрахимовиќ се збогуваше со Шведска на Европското првенство во 2016 година по 116 одиграни натпревари и 62 постигнати голови.

loading...

Facebook