Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ веќе една година е „пензиониран“, но постигна гол каков ретко се гледа

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ минатото лето се прости од активниот фудбал, но се уште е во феноменална форма.

Тоа го покажа и на Инстаграм каде објави спектакуларен гол со ножички кој го постигна на Сан Сиро.

Неговата нова објава собра голем број „лајкови“ и коментари, а многумина се на мислење дека Швеѓанецот сепак би можел да игра на професионално ниво.

Advertisement