Фудбал
Идната недела Реал Мадрид ќе постигне договор со дефанзивец на Челзи?!
Според шпанските медиуми Реал Мадрид во наредните денови ќе постигне конечен договор со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. Сепак, тој и наредните шестмесеци ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, а следното лето ќе дојде во Мадрид како слободен играч бидејќи му истекува договорот.
Германскиот репрезентативец се уште одбива да го продолжи договорот со Челзи, а интерес за неговите услуги има и од Манчестер Јунајтед. Сепак, според шпанските медиуми, пријатели на Рудигер откриле дека тој веќе му кажал ДА на Реал Мадрид.