Фудбал
Иднината на Зидан во Реал Мадрид не е сигурна, дали се знае неговиот следен клуб?!
Зинедин Зидан самиот во шпанските медиуми изјави дека неговата иднина во Реал Мадрид не е сигурна и секако за да остане на клупата на овој тим зависи од многу фактори. Пред се од тоа како ќе заврши оваа сезона.
Медиумите веднаш почнаа со шпекулации, па тврдат дека тој ќе се врати во Торино, на клупата на Јувентус.
Зидан вели дека немало никакви контакти и такви разговори, иако не исклучи можност некогаш да седне на клупата на Јувентус.
Италијанските медиуми пишуваат дека доколку Сари не ги исполни очекувањата, пред се титула и најмалку финале во ЛШ, тогаш ќе следува отказ, а прва опција за негова замена е Зинедин Зидан.