Connect with us

Фудбал

Идниот купувач на Челзи најави колосални долгови кон клубот

Швајцарскиот бизнисмен Хансорг Вис веќе објави дека добил понуда за стекнување на акции во лондонски Челзи.

„На 1 март мене и уште три лица ни беше понудено да го купиме Челзи од Абрамович, но тој сака многу пари. Клубот му должи 2 милијарди фунти и нема пари. Оние кои ќе го купат Челзи мора да го покријат овој долг“.

„Во моментов не ја знаеме точната продажна цена. Можам да замислам да го купам Челзи со партнери. Но, прво треба да учам. Дефинитивно можам да кажам дека вакво нешто сам нема да направам. Ако го купам Челзи, тој ќе биде во конзорциум од шест или седум инвеститори“, изјави бизнисменот за швајцарскиот весник Blick.

Вис е швајцарски милијардер, производител на медицински помагала. Неговата фондација има средства од повеќе од 2 милијарди долари. Неговото вкупно богатство се проценува на околу 5,5 милијарди долари.

Абрамович го купи Челзи во 2003 година за 140 милиони фунти. Оттогаш, лондонскиот клуб ја освоил англиската Премиер лига пет пати, двапати ја освоил Лигата на шампионите и Лигата на Европа, пет пати ФА Купот и трипати Купот на Англија. Во февруари „сините“ триумфираа на Светското клупско првенство.