Connect with us

Кошарка

Играч на Реал Мадрид ги бараше забите на теренот (ВИДЕО)

Кошаркарот на Реал Мадрид, Винсент Поарје остана без заби на синоќешниот натпревар против Олимпијакос.


Поарjе остана да лежи на подот по еден дуел и веднаш се виде дека му недостасува заб. Францускиот кошаркар без заби се упати кон соблекувалната. Неговиот соиграч Гершон Јабуселе го пронашол и со насмевка го однел кај медицинскиот персонал.

Центарот на Реал Мадрид се „пофали“ со изгледот по оваа несреќа на паркетот.

Поарје на овој меч одигра 11 минути и забележа три поени и три скока. Реал славеше 75:67.