Фудбал
Играчите од Шпанија против дополнителен карантин, состанок во среда
Лоша е ситуација во Шпанија поради коронавирусот. Бројот на заразени и починати е голем, а поради тоа оправдано присутен е стравот. Иако се почесто се спомнува дека фудбалерите наскоро би можеле да ги продолжат натпреварувањата кон крајот на мај, сепак „Спорт“ пишива дека играчите на шпанската Примера не се расположени за предлогот кој им го изнесе раководството на Ла Лига, а тоа е фудбалерите да се соберат во хотелите до терените кои ги имаат и таму да го поминуваат времето.
Каталонскиот „Спорт“ тврди дека фудбалерите на Барселона се против тоа, но не само тие, туку и поголемиот дел од клубовите.
Повеќе за ова ќе се дебатира на состанокот во среда помеѓу капитените на екипите, тренерите и медицинските работници. Секако дека конечниот збор за терминот и начинот на враќање на теренот ќе го има Министерството за здравство.