Фудбал
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид сака да го напушти клубот
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио ќе сака да го напушти клубот на лето. Шпанскиот репрезентативец има уште една година од договорот со Лос Бланкос, но сака да бара нов предизвик во кариерата.
Според Ел Национал, Арсенал и Тотенхем се најблиску до негов потпис, но Рома, Севиља, па дури и Атлетико Мадрид ќе се обидат да го привлечат за околу 30 милиони евра. Во Шпанија велат дека најверојатна дестинација ќе му биде Англија.