Connect with us

Кошарка

Играше со Леброн Џејмс, а сега во големи проблеми, уапсен поради шверц со марихуана

НБА кошаркарот Иман Шумперт, кој со Кливленд освои шампионска титула заедно со Леброн Џејмс, е уапсен на аеродромот во Далас. Во неговиот ранец е откриена марихана, но пронајдени биле и куршуми од „Глок“, но не и самиот пиштол.

Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со потенцијална казна од две години затвор и парична казна од 10.000 долари.

Во текот на кариерата играше за Сакраменто, Хјустон и Кливленд со кои освои прстен во 2016 година.