Connect with us

SPORTM.mk

Игуаин има нов клуб, договор со Интер до 2022 година

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин е во преговори со Јувентус за раскин на договорот. Како што пишуваат италијанските медиуми, тоа е веќе завршена работа, а „Старата дама“ ќе му дозволи да замине како слободен играч.

Останува само да се реши ова и тој веднаш лета за Мајами каде ќе потпише договор со Интер Мајами до 2022 година. Според медиумите со овој тим, чиј сопственик е Дејвид Бекам, Игуаин ги договорил сите детали.

Аргентинецот својата европска авантура ја завршува по 13 години и 599 мечеви одигани за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан, Челзи и постигнати 291 голови.