Фудбал
Икарди е пред враќање во Серија А
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди е посакуван од врвни италијански клубови, според Calciomercato.
Милан, Наполи и Рома се кандидати за потписот на 29-годишниот Аргентинец.
Икарди дојде во ПСЖ во 2019 година од Интер. Парижаните прво го ангажираа Мауро на една година, а потоа зделката ја направија трајна за 50 милиони евра.
Оваа сезона Икарди постигна 4 гола на 20 натпревари во француската Лига 1. Неговиот договор со ПСЖ истекува летото 2024 година.