Фудбал
Икарди: Го остварив мојот сон, среќен сум во Интер
Капитенот и најдобриот играч на Интер, Мауро Икарди веќе две сезони се поврзува со заминувањето од клубот.
Сепак, иако доби голем број на понуди, тој се уште е член на Интер и нема намера да го напушти.
Тој наскоро ќе седне на преговарачката маса со раководството на тимот на Милан. Ќе му биде понуден подобар договор и клаузула од 110 милиони евра.
Икарди призна дека е среќен во Интер и дека има намера тука да остане, иако неговата сопруга Ванда Нара, која му е менаџер, преговара со други клубови.
“Јас сум среќен тука. Имав контакти со други клубови, но поради семејството одлучив да останам. Ова е мојот дом, не можам да одам”, рече Икарди, и додаде:
“Сонував за настап во Лигата на шампионите и го остварив тој сон. Не знам кога ќе го потпишам новиот договор, но ќе сторам сé за што е можно поскоро да се договориме”, рече Икарди.