Тајмаут
„Икарди и Ванда многу се се*саат, па не го знаете Ласиси, по еден месец се одмараше“
Поранешниот фудбалер Даниеле Адани беше гостин на Кристијан Виери, на неговиот јутјуб канал, каде што опуштено разговараа за многу теми поврзани со фудбалот. Имаше и такви „сочни“ приказни. Имено, Адани кој играше за Фиорентина, но и Интер коментираше за односот на Ванда и Маурио Икарди. Познато е дека овој пар дневно некогаш и по 12 пати имаат секс. Тоа јавно го соопштија во едно интервју.
Но, Адани смета дека неприкосновен тука е поранешниот играч на Фиорентина, Салоу Ласиси, фудбалер од Брегот на слоновата коска, кој играше за Парма, Сампдорија, Рома и Фиорентина.
-Кога ќе се вратеше од Брегот на Слоновата Коска, многу беше исцрпен, до толку што немаше сила да истрча ниту еден круг на тренингот. Му велеше дека добива еден куп писма и фотографии секој ден кога ќе отиде дома, во неговата земја. Секој ден заминувал со три или четири девојки. Потоа ќе се врати во Италија и му треба по еден месец да се одмори, се смееше Адани.