Connect with us

Фудбал

Икарди му ја соопшти одлуката на Интер и веднаш проблеми

Мауро Икарди наводно му соопштил на Интер дека не планира да остане во ПСЖ. По неколкуте одлични партии и голови во дресот на францускиот тим, се чини дека Аргентинецот „паѓа“, односно нема баш добри односи со останатите играчи. Француските медиуми пишуваа дека тој на некој начин е „изолиран“ од страна на неговите „партнери“ во нападот Мбапе и Нејмар.

Се појави информацијата дека Јувентус разговарал со ПСЖ за Икарди. Тимот од Париз да го откупи, па да му го продаде на италијанскиот шампион. Сепак, цената е проблем. Во договорот помеѓу Интер и ПСЖ има клаузула во која се вели дека доколку Французите го откупат напаѓачот, па го продадат на тим од Италија, освен договорените 70 милиони евра, на „Нероаѕурите“ ќе треба да му палтат дополнителни 15 милиони.

Секако, ова е проблем за ПСЖ, па поради тоа Икарди соопштил дека ќе се врати во Милано, а доколку нема директен трансфер во Јувентус, ќе остане да ги одбработи двете преостанати години од договорот. Такво нешто не сакаат челните луѓе на Интер, особено не тренерот Антонио Конте кој се откажа од неговите услуги пред се поради недисциплината и нарушувањето на атмосферата во соблекувалната.