Тајмаут
Икарди поради љубовни проблеми вечерва нема да игра за ПСЖ, се огласи и жената со која наводно ја изневерил Ванда
Мауро Икарди повторно има љубовни проблеми. Како што е познато тој практично му ја украде сопругата на најдобриот пријател Макси Лопез, а тоа е Ванда Нара, неговата сегашна партнерка.
Сепак со неа настанаа проблеми откако во јавноста се појавија информации дека Икарди ја изневерил Ванда со атрактивната аргентинска актерка и модел Марија Евгенија Суарез, која има 29 години и три деца.
Таа се огласи и порача дека не и е јасно од каде сите овие информации и вести за нив, бидејќи како што тврди воопшто не го познава Икарди, ниту Ванда.
Сепак, според медиумите наводно Ванда пронашла смс порака во телефонот на Икарди од Марија Суарез, а тоа било причина да се скараат. Ванда дури го извадила и прстенот од рака и од Париз заминала за Милано.
-Би сакала да ве запознам во некој бар, во дел од светот каде што никој не ве познава, наводно била пораката која Суарез му ја испратила на Икарди.