Фудбал
Икарди пресече: Заминувам!
По се изгледа дека Интер знаел дека намерите на Мауро Икарди му се од тактичка природа. Да замине во Париз, а потоа по една година да се пресели во Јувентус. Вакво нешто посакуваше одамна неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара.
Сепак, Интер спречи директен трансфер.
Но, француските медиуми јавуваат дека Икарди на раководството на ПСЖ му соопштил дека сака да замине, но се надева дека ПСЖ ќе го откупи од Интер, а потоа да го продаде на Јувентус за околу 70 милиони евра.
Интер, сепак, се осигура уште кога го испрати на позајмица во ПСЖ. Имено, има клаузула, доколку францускиот тим го откупи, па го продаде на друг клуб, тој клуб ќе мора на Интер да му плати дополнителни 15 милиони евра.
Ова значи дека не 70, сега Икарди вреди 85 милиони евра. Останува да се види дали Јувентус ќе прифати таква „игра“.