Connect with us

Фудбал

Или вака, или никако: Претседателот на италијанската федерација објасни што ќе се случи со Серија А

Италија е најзагрозената земја во Европа со коронавирусот. Последниве денови се појави оптимистичка вест од Апенините дека ситуацијата е мирна, но не е познато во овој момент кога повторно ќе започне Серија А.

Претседателите на клубовите одржаа неколку состаноци за да најдат заеднички јазик и да се обидат да најдат договор кога да започнат со тренинзите, но паузата се чини дека не заврши.

Сепак, ФС Италија (ФИГЦ) веќе решиле дека Скудето ќе биде доделен за оваа сезона без разлика дали таа завршува или не. Така рече првиот човек на италијанската федерација Габриеле Гравина.

„Размислувам на некој начин да го заврши шампионатот. Сезоните 2019/20 и 2020/21 нема да се совпаднат затоа што ќе го имаме Европското првенство во јуни 2021 година“, рече Гравина за „Скај Спорт“, додавајќи:

„Скудетото ќе биде доделено. Италијанскиот фудбал не само што живее за титулата, туку има и пониски лиги. Мораме да ги дефинираме учесниците за следната сезона, за европските купови, оние кои се изборија за промоцијата и оние кои че отпаднат“.

Според моменталната состојба, лидер на Серија А е Јувентус, а во ЛШ треба да играат Лацио, Интер и Аталанта. Лече, СПАЛ и Бреша ќе испаднат од лигата.