Connect with us

Тајмаут

Илон Маск и Барак Обама со „златни“ додавања за Светското првенство во Катар

Организаторите на Светското фудбалско првенство во Катар се подготвуваат да ги пречекаат Илон Маск и Барак Обама како гости на фудбалскиот турнир. Ова под услов на анонимност го објавија вработени во хотел во Доха.

„Во нашиот хотел ги очекуваме Маск, Обама и други угледни гости. Почнавме да се подготвуваме за пристигнување на такви високи гости уште пред почетокот на Светското првенство. „Златни“ пропусници за ВИП-боксовите на стадионите и најдобрите собите во хотелот се подготвени за сите“, соопштија од хотелот.

Маск е најбогатиот човек на планетата, чие богатство се проценува на 169,8 милијарди долари. Обама беше претседател на САД од 2009 до 2017 година.

Селекцијата на САД игра во група со селекциите на Иран, Велс и Англија. Американците во првото коло израмнија со Велшаните – 1:1. Средбата се одржа во понеделникот на стадионот Ахмед Бин Али. Тимоти Веа, син на претседателот на Либерија и добитник на Златната топка од 1995 година, Џорџ Веа, постигна гол за тимот на САД.

Facebook

Реклама