Connect with us

Фудбал

Им поништија гол во 101-та минута зa прво место во групата, поради бизарно правило кој никој не го знаеше (ВИДЕО)

Виљареал го победи Рен со 3:2 на гостински терен и од првото место во групата се пласираше во осминафиналето на Лигата на Европа. Сепак, натпреварот го одбележа една неверојатна сцена, поради која домаќинот остана без реми во 11. минута од судиското надополнување.

Рен тргна во офанзива, а во 11. минута од судиското надополнување погоди по трет пат со голот против Асињон, кој беше поништен. Сите се прашуваа зошто судиите го направија тоа во ВАР собата, но дојде објаснување. Последователно беше откриено бизарно правило дека играчот кој изведува слободен удар или пенал нема право да ја допира топката ако никој друг не го сторил тоа. Бидејќи Ле Фе ја погоди стативата од слободен удар, а потоа топката му се врати, и започна нова акција, голот беше поништен.