Connect with us

Фудбал

Им рекол „ДА“, Барселона договори одлично засилување за „НУЛА“ евра?!

Јасно е дека летниот преоден рок ќе биде многу возбудлив, а веќе е познато дека Барселона ќе биде многу активна бидејќи се очекуваат одредени промени во играчкиот кадар на каталонскиот клуб. Мета на челниците на Барселона се претежно играчи на кои договорите им истекуваат на лето, а веќе се во контакт со некои играчи кои секако би биле големо засилување доколку одлучат да дојдат на „Камп Ноу“.

Целта на Барселона е да потроши што помалку пари и затоа „брка“ играчи на кои им истекуваат договорите. На списокот е и мароканскиот фудбалер Нусаир Мазрауи, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Ајакс бидејќи одбил можност да го продолжи договорот.

Угледниот новинар Фабрицио Романо утринава објави дека Барселона веќе извесно време е во контакт со агентите на овој фудбалер и дека Мазрауи се согласил кариерата да ја продолжи во дресот на каталонскиот клуб.

Романо објави дека Мазрауи одлучил да замине во Барселона и дека во каталонскиот клуб ќе заработува околу пет милиони евра годишно.

24-годишниот играч најмногу игра на позицијата десен бек, а по потреба може да игра и во средниот ред. Извесно е дека ќе има големо засилување на оваа позиција и достојна конкуренција на Дани Алвеш.

Мазрауи во досегашниот дел од сезоната за Ајакс одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет гола и додаде четири асистенции.