Connect with us

Фудбал

Им се исполни желбата, браќата Бабунски заедно во дресот на Македонија против Италија

Селекторот Благоја Милевски наскоро треба да го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат во бараж мечот против Италија за пласман на Светско првенство, а според информациите на него ќе се најдат браќата Давид и Доријан Бабунски. И двајцата во моментов се членови на унгарски Дебрецин, а кога Доријан му се приклучи на Давид во овој тим имаа порака, односно желба да заиграат заедно и во македонскиот дрес. Таа желба ќе им се исполни бидејќи и двајцата ќе се најдат на списокот на Милевски за овој бараж меч против Италија.

Но, доколку се најдат на теренот, ќе биде уште еден братски тандем во историјата на македонската селекција, после Милко и Бошко Ѓуровски, како и браќата Попови, Горан и Роберт и од минатата година Стефан и Милан Ристовски.

Но, како што е познато, не е прв пат заедно да го носат дресот на Македонија. Тие беа дел од селекцијата за играчи до 21 година, но заедно никогаш не настапиле за сениорскиот тим.