Други спортови
Има 66 години и тројца внуци, таа ќе биде најстарата олимпијка во Токио
Австралијката Мери Хана со 66 години ќе биде највозрасниот учесник на Олимписките игри во Токио и таа е една од многуте кои покажуваат дека годините се само бројка. Хана, која има тројца внуци, ќе се натпреварува во коњички спортови и Токио ќе ѝ биде шеста олимпијада во кариерата. Досега нема освоено медал.
Зад неа е четири години помладиот Ендрју Хој, кој ќе ја претставува Австралија во овој спорт.
Карли Лојд ја предводи фудбалската репрезентација на САД на 39 години, а Фармига и натаму ги брани боите на бразилскиот фудбалски тим на 43-годишна возраст.