Connect with us

Тајмаут

Има најголем договор во НБА и девојка која е 16 години постара од него! Не е со него поради парите! (ФОТО)

Џејлен Браун наводно е во врска со Бернис Бургос која е 16 години постара од него.

Џејлен Браун (26) е најплатениот играч во историјата на НБА. Тој потпиша петгодишен договор со Бостон вреден 304 милиони долари. Не е единствениот во центарот на вниманието, туку многу се зборува и за неговата девојка Бернис Бургос (43). Таа е инфлуенсерка и модел и двајцата се видени неколку пати заедно и веќе некое време се шпекулациите за нивната врска.

Ниту тој ниту таа јавно не се огласија ниту се обидоа да го демантираат тоа, па ова е уште една причина да веруваме дека навистина се заедно. Таа има две ќерки, Ешли Мари Бургос, која е на иста возраст како Џејлен, има 27 години. Тој во октомври полни 27. Таа ја родила на само 15 години, додека Сара Бургос има 16 години. Инаку, Бернис стана и баба, бидејќи нејзината ќерка Ешли во 2018 година ја роди ќерката Индија Ава Ајша.

Браун ја започна својата кариера со Селтикси, каде беше избран како трет пик на драфтот во 2016 година. Два пати беше на Ол-стар натпреварите и јасно е колку сите во клубот имаат доверба во него и неговите способности кога му дадоа таков договор. Минатата година тој имаше просек од 26,6 поени, 6,9 скока и 3,5 асистенции по натпревар, но имаше многу шпекулации за тоа како тој не се сложува најдобро со одредени соиграчи и дека хемијата на тимот е полоша поради тоа…