Connect with us

Фудбал

Има само 33 години, прави одлични работи, но го одбил Реал Мадрид за тренерското место?!

Иако има „само“ 33 години, Јулијан Нагелсман е сигурно еден од најдобрите тренери во моментов. Со германскиот тим Лајпциг прави навистина фантастични работи. Откако влегоа во Бундеслигата постојано се во самиот врв, редовно играат во ЛШ и ЛЕ, минатата сезона стигнаа до полуфиналето каде беа елиминирани од ПСЖ, а оваа сезона го совладаа Манчестер Јунајтед во диреткната пресметка и се пласираа во нокаут фазата.

Поради тоа не е чудно што се поврзува постојано со големите клубови. Во 2019-а година добил понуда да седне на клупата на Реал Мадрид, но како што вели, ја одбил.

-Па немаше смисла да го преземам Реал Мадрид во тој момент. Би имал само три недели до почетокот на сезоната, шпанскиот јазик не го зборував и не би било добро за мене или за Реал Мадрид, вели Нагелсман.

Зборуваше и за Кристијано Роналд за кого вели дека му е сон да го тренира.

-Од надвор гледате човек кој постира фотографии од неговата јахта. Но, она што ми го кажуваше Сами Кедира за професионалниот пристап на Роналдо, тоа навистина е импресивно, тој е вистинско „животно“. Прв доаѓа, последен заминува од тренинзите, вели Нагелсман.

Младиот тренер пред себе има долга кариера, а останува да се види дали ќе биде исполнета со трофеи.