Connect with us

Тајмаут

Имаше лоша година, но Георгина со подарок за Роналдо кој сигурно ќе му го разубави крајот на годината (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сигурно имаше лоша година. Пред се, неговото враќање во Манчестер Јунајтед не беше како што очекуваше тој, па дојде до раскин на договорот и тоа по контроверзно интервју во кое „удри“ по сите. Потоа со репрезентацијата на Португалија имаше разочарувачки настап на СП во Катар, каде исто така не добиваше минутажа.

Но, неговата партнерка Георгина одлучи да му подари скапоцен автомобил, кој сигурно ќе му го разубави крајот на 2022-ра година. За Божик доби нов скапоцен Ролс Ројс. Инаку Кристијано Роналдо во својата гаража има многу скапоцени спортски автомобили, но не и ваков Ролс Ројс.