Фудбал
Инфантино за СП на две години: СуперБоул има секоја година, па не го губи престижот
Џани Инфантино останува со намера да ги убеди националните федерации да прифатат Светско првенство на секои две години.
“Светското првенство со 48 репрезентации (од 2026 година) веќе е решено. Дали ќе се одржува на секои две или четири години е во фаза на консултации”, изјави Инфантино за медиумите во Израел.
„Токму затоа што е магичен турнир, можеби треба да се случува почесто“, додаде тој.
“Репутацијата на еден настан зависи од неговиот квалитет, а не од неговата фреквенција. Секоја година имате Супербоул, Вимблдон или Лига на шампиони, и сите се возбудени и ги чекаат тие турнири”, зошто да не биде така и со Светското првенство“, заврши Инфантино