Connect with us

Фудбал

Иниеста на 21 мај потпишува за новиот клуб

Искусниот шпански фудбалер Андрес Иниеста ја напушти Барселона и ја продолжува својата кариера во далечната Јапонија.

Иниеста ќе потпише тригодишен договор на 21. мај (2+1) со јапонскиот клуб Висел Кобе, пренесува Каталоннски „Спорт“.

Иниеста, исто така, имаше понуди и од Кина, но тој се одлучи да оди во Јапонија, а во новиот клуб ќе пристигне откако ќе го одигра последниот натпревар од Ла Лига.

Значи, за два дена, Иниеста ќе потпише за Кобе, а тоа треба да го соопшти и на прес-конференција за новинарите.

Наводно, во Јапонија ќе заработува околу 25 милиони евра годишно. Во дресот на Барселона одиграл 437 натпревари и постигна 35 гола.

Со Барселона освои се и сешто, но вреди да се истакнат девет шампионски титули во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите, а со Шпанија беше светски првак во 2010 година, а во 2008 и 2012година, го освои Европското првенство. Овие денови се шпекулираше дека би можел да биде помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но очигледно се уште сака да игра.