Фудбал
Иниеста во Премиер лига?
Андрес Иниеста ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона вечерва и ќе го напушти клубот по 16 сезони.
И додека медиумите во минатата недела шпекулираа дали голем играч ќе ја продолжи својата кариера во Кина или Јапонија , понудата од Премиер лигата дојде пред прошталниот натпревар.
“Јаху Спорт” известува дека Пеп Гвардиола контактирал со Понче и му понудил договор кој тешко се одбива.
Всушност, поранешниот тренер на Барселона сака да го земе во Манчестер Сити за две улоги, играч и негов помошник!
Поранешниот асистент на Гвардиола, Микел Артета, одлучи да го напушти Сити и е многу близу до заминувањето на Арсенал.
Каталонецот брзо се обиде да најде нов асистент, и се чини дека Иниеста ќе биде идеален за оваа функција.