Connect with us

Фудбал

Инсиње објави фотка од тренинг, а Елиф Елмас со мала провокација (ФОТО)

Македонија утре вечер со почеток во 20:45 часот и гостува на Италија во Палермо во полуфиналниот меч од бараж натпреварот за пласман на СП во Катар. Македонската репрезентација е веќе во Палермо, а Италија се подготвува за овој дуел. Лоренцо Инсиње објави фотографија од тренингот на италијанската селекција, а македонскиот репрезентативец одлучи да го поздрави и тоа со коментар во кој „остави“ неколку македонски знаменца. Секако ова е како мала провокација пред мечот, која се разбира од Инсиње ќе биде сфатена како пријателска со оглед на тоа дека двајцата играат за Наполи и се одлични клупски другари.