Connect with us

Фудбал

Инсиње: Жал ми е, капитенот не треба да го прави тоа

Напаѓачот на Наполи и капитен на тој тим Лоренцо Инсиње се извини за она што го стори пред две кола.

Инсиње беше исклучен на Сан Сиро против Интер во пораз од 1:0, па мораше да го пропушти дуелот во Рим против Лацио, каде неговиот тим синоќа беше поразен со 2:0.

“Се чувствував навистина лошо во Милан, пред сè затоа што го напуштив тимот и ги оставив со 10 луѓе на теренот. Еден капитен не треба да го прави тоа”, рече Инсиње и додаде:

“Жал ми е, вчера тренерот имаше многу малку шанси во нападот и веќе бевме во неволја со напаѓачкиот дел. Но, гледам напред и размислувам за среда и следниот натпревар. Треба да освоиме три бода по овие два пораза”.

Во среда, Наполи ќе биде домаќин на Торино на Сан Паоло, а Инсиње ќе се врати како дел од последниот натпревар на Наполи во 2020 година.