Connect with us

Фудбал

Интер го „меркаше“, но сега за напаѓачот на Јуве во трка се вклучуваат Ливерпул и Манчестер Сити

Пуло Дибала со сигурност нема да го продолжи договорот со Јувентус, кој истекува за шест месеци. Според последните информации, „Старата дама“ му нуди 7 милиони евра на Дибала за тригодишен договор, додека тој и неговиот агент бараат повеќе. Интер се појави како екипа која сака да го ангажира и тоа како слободен фудбалер во летниот преоден рок, а наводно првите контакти веќе биле воспоставени.

Сепак, проблем за тимот од Милано, кој не е толку финансиски моќен, може да му направат Ливерпул и Манчестер Сити. Англиските медиуми објавија дека овие два клуба исто така ќе се обидат да го ангажираат Дибала во летниот преоден рок како слободен играч. Овие два клуба, за разлика од италијанските екипи секако би можеле да ги исполнат неговите финансиски желби.