Фудбал
Интер го шокираше Јувентус на крајот од продолжението и триумфираше со Суперкупот на Италија
Интер го победи Јувентус со 2-1 во Дерби д’Италија за Суперкупот на земјата и триумфираше со шестиот трофеј. Гостите го отворија резултатот во средината на првото полувреме преку Вестон Мекени (25), но десет минути подоцна Лаутаро Мартинез го врати резултатот од пенал. Во последната минута од судиското продолжение Алексис Санчез им донесе успех на Нероаѕурите.