Connect with us

Фудбал

Интер ја одби првата понуда на Барселона за Лаутаро Мартинез

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез очигледно ќе биде главна мета на Барселона ова лето.

Лаутаро обезбедува одлични игри во дресот на Интер, со кои го привлече вниманието на неколку европски великани. Но, се чини дека Барселона е најмногу заинтересирана обидувајќи се веќе да го обезбеди потписот на Лаутаро.

Аргентинецот според договорот со Интер има клаузула според која може да ја напушти Италија на почетокот на летниот преоден рок, доколку некој клуб плати 111 милиони евра.

Но, во Барселона се обидуваат да ја намалат цената и да вклучат еден играч во размената. Италијанските медиуми објавија дека Каталонците му понудиле на Интер 70 милиони евра и Нелсон Семадо за Лаутаро, но клубот од Милано веднаш го демантираше тоа.

Очигледно е дека тие сакаат само пари, и дека играчите што ги нуди Барселона како дел од овој трансфер не ги сакаат.