Connect with us

Фудбал

Интер „Made in“ Манчестер Јунајтед!

Тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед во моментов се членови на Интер. Алексис Санчез кој е на позајмица и Ромелу Лукаку и Ешли Јанг кои се откупени. Но, најновите информации велат дека Антонио Конте планира уште фудбалеро од овој англиски тим.

Првиот е младиот Тахит Чонг, кој има кинеско потекло и кој поради сопствениците на Интер, кои се Кинези го одбрал овој клуб пред Јувентус кој исто така го посакуваше во своите редови.

Вториот фудбалер е Немања Матиќ. Српскиот интернационалец се поврзуваше со Интер и во зимскиот преоден рок, но Кристијан Ериксен имаше предност. Сега, наводно Интер ќе се обиде да го ангажира Матиќ, на кого му истекува договорот во јуни оваа година, па доколку не го продолжи во Милано би можел да пристигне како слободен играча.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com