Connect with us

Фудбал

Интер на 30.000 навивачи ќе им ги враќа парите

Италијанскиот тим Интер ќе им ги врати парите на навивачите кои планираа на „Џузепе Меаца“ да го следат реванш натпреварот против Лудогорец во рамките од 1/16 финалето од Лига Европа. Со оглед на тоа дека северот на Италија е погоден со коронавирус, поточно регионот Ломбардија, во кој спаѓа и градот Милано, донесена е одлука мечот да се игра пред празни трибини.

Поради тоа клубот објави информации на своите социјални мрежи на кој начин навивачите може да си ги вратат парите за билетите. Се работи за околу 30.000 навивачи кои купиле билет.

Натпреварот се игра во четврток со почеток во 21:00 часот, а Интер првиот натпревар го доби со 2:0.