Connect with us

Фудбал

Интер на убедлив начин избори финале во Лигата на Европа

Дизелдорф, 17 август 2020 (МИА) – Интер ќе игра во финалето на Лигата на Европа, откако вечерва во полуфиналето забележа убедлива победа против Шахтјор со 5:0.

Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку по два пати ја затресоа мрежата на украинскиот тим, еднаш во листата на стрелците се запиша Данило Д’Амброзио.

Интер во финалето ќе се сретне со Севиља која вчера го победи Манчестер јунајтед со 2:1.

За тимот од Милано ова ќе биде прво финале во евро-куповите по 2010 година. Тогаш, Интер предводен од Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com